Дома Моторспорт Леклер: Во Монца сфатив што значи да бидеш дел од Ферари

Леклер: Во Монца сфатив што значи да бидеш дел од Ферари

Младиот возач Шарл Леклер минатата сезона доби шанса во Ферари и ја искористи максимално.

Леклер имаше неколку одлични изданија во својата деби сезона за Ферари и успеа да го засени својот тимски колега Себастијан Фетел. Младиот возач ја оствари својата деби победа во Монца која е заштитен знак на неговиот тим.

Тој призна дека одлично се чувствува во Ферари и после победата во Монца почуствувал колку таа му значи на овој тим. На крајот Леклер во конечниот пласман кај возачите заврши на четвртата позиција и успеа да го помине Фетел.

„Во Монца беше одлично. Многу е тешко тоа да се опише бидејќи имавме огромен притисок. Ја возевме домашната стаза на која долго се чекаше победа на Ферари и на никој во екипата не му беше лесно. Се ежам кога помислам на таа трка бидејќи таму сфатив што значи да се биде дел од Ферари.“ – изјави Леклер и додаде:

„Го сфатив тоа и порано, но Монца е нешто посебно. Тогаш почувствувате дека сте дел од Ферари и големото семејство на овој тим.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…