
Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадрид, клуб за кој од 1995 до 2010 година собра 542 настапи. Неговиот избор многу брзо го споделија и бројни навивачки страници на Реал на социјалните мрежи, а нивните следбеници останаа многу изненадени.
Имено, Гути од составот ги изостави бројни величии на Реал, како од поновата така и од подалечната историја. Навивачите замеруваат најмногу што во постава не ги стави Лука Модриќ, Зинедин Зидан, Серхио Рамос, Карим Бензема, Тони Крос, Икер Касиљас, Алфредо Ди Стефано…
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во исто време, многумина ги зачуди што во составот ги вклучи и актуелните играчи Родриго и Џуд Белингам, а во средината на теренот се стави и самиот себе.

Гути во 542 настапи за Реал во текот на 15 години постигна 77 гола. Пет пати ја освои шпанската прва лига, а три пати Лигата на шампионите. Покрај Реал, во кариерата играше уште само за Бешикташ, каде што ја одигра последната професионална сезона. За репрезентацијата на Шпанија настапи 13 пати.
Фото: UEFA