
По две извонредно успешни сезони во Баер Леверкузен, Чаби Алонсо официјално ја презеде клупата на Реал Мадрид, наследувајќи го Карло Анчелоти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првиот предизвик за новиот тренер на “кралскиот клуб” го чека на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД.
Маскерано за Алонсо: “Не му посакувам среќа бидејќи го води Реал Мадрид”
Во пресрет на турнирот, по натпреварот на Интер Мајами и Ал Ахлијa (0:0), новинарите го прашаа тренерот на Мајами, Хавиер Маскерано, за неговиот поранешен соиграч од Ливерпул.
“Сигурен сум дека Чаби Алонсо ќе направи одлична работа во Мадрид, како што направи и во Леверкузен. Тој е фантастична личност и ми беше чест да играм со него три години,” изјави Маскерано, а потоа на насмевка додаде:
“Не му посакувам среќа бидејќи го води Реал Мадрид.”
Оваа изјава доаѓа со доза на шега, бидејќи Маскерано осум години играше за Барселона, со која освои две титули во Лигата на шампионите и пет титули првак на Шпанија. Во моментот, во неговиот Интер Мајами играат и поранешни легенди на Барселона – Лионел Меси, Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс.