Дома Кошарка Леброн има сериозни проблеми со коленото

Леброн има сериозни проблеми со коленото

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, изјави дека се опоравува од повреда на коленото, за која вели дека му е прва во професионалната кариера.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња се повреди на петтата средба од првото коло на плејофот на НБА лигата против Минесота, а подоцна беше утврдено дека има истегнување на медијалниот лигамент на коленото.

„Ова е првпат да го повредам коленото за 22 години кариера. Сум имал воспаленија и некои проблеми со капачето, но ова е првпат да морам да одлежам за да се опоравам“, изјави Џејмс.

Според неговите зборови, добрата работа е што ќе има време да се опорави.

„За жал, дури и ако победевме во петтиот меч, ќе ја пропуштев шестата и седмата средба и веројатно повеќе од тоа. Сега имам време да закрепнам и да се вратам подготвен“, истакна Џејмс.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шест од шест за вардарки, Бадел 1862 со 62 поена разлика во Гевгелија

Вардар го победи Баскет Кам со 81:53 и остана без пораз во женската Прва лига. Бадел 1862,…