Дома Останати Ракомет Лазаров го објави поширокиот список: Ова се ракометарите од кои ќе избира за последните битки за ЕП!

Лазаров го објави поширокиот список: Ова се ракометарите од кои ќе избира за последните битки за ЕП!

Македонскиот селектор Кирил Лазаров го откри поширокиот список од 35 репрезентативци за последните две битки од квалификациите за Европското првенство 2026. Составот не носи големи промени – се задржани ракометарите кои и досега беа дел од националниот тим, а кои имаат задача да го осигураат пласманот на уште едно европско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвено-жолтите“ најпрво гостуваат во Талин на 8 мај против Естонија, а потоа, на 11 мај, ја имаат клучната задача – да ја совладаат Литванија на домашен терен, пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18:00 часот.

Од поширокиот список, Лазаров ќе ги селектира најподготвените за овие решавачки натпревари, каде што пласманот на Европското првенство 2026 останува главната цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Мак…