Дома Останати Ракомет Лазаров: Честитки до момците, заслуживме победа против Катар

Лазаров: Честитки до момците, заслуживме победа против Катар

Македонија оствари голема победа против Катар од 39-34 во вториот меч од втората фаза на Светското првенство (СП).

Селекторот Кире Лазаров кажа дека е задоволен со победата и смета дека има напредок во играта на Македонија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Им честитам на момците за тоа што го даваат за Македонија. Тешко е затоа што одигравме петти натпревар против силен ривал. Секоја чест за нив. Веруваме во тоа што го работиме, свесен сум дека имаме квалитет, веруваме во системот и стратегијата. Се гледа и дека имаме неискуство. Презадоволен сум, но во исто време и незадоволен затоа што против поквалитетен ривал не би победиле. Штета што не се тука навивачите во голем број, како на почетокот, но оваа победа им ја посветуваме на нив. Имаме некоја идеја за дуелот против Франција, иако тие се фаворити за злато. Играат во страшен ритам и даваат голови од далечина, имаат ѕвезди кои играат во големи клубови. Немаме што да изгубиме, ќе се обидеме да ја поставиме играта на друг начин, зашто вака би било многу тешко. Очекувам во следните месеци голем дел од помладите ракометари да добијат поголема минутажа“, вели Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра в сабота од 20.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар слави 65. роденден, претстави ново лого! (Фото)

Екипатна Вардар 1961 годинава одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење. По тој пово…