
Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, денеска официјално објави дека го продолжил договорот со одличниот холандски играч за врска, Френки Де Јонг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 28-годишен фудбалер минатата сезона беше еден од најважните играчи на Барса во освојувањето на двојната круна, а новиот договор е награда за неговите заслуги.
Според шпанските медиуми, Де Јонг ќе остане во Каталонија до 2029 година.
Откупната клаузула е проценета на неверојатни пола милијарда евра.
Да потсетиме, Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра. Досега одигра 183 натпревари и постигна 14 голови.
🚨🔵🔴 Official, confirmed. Frenkie de Jong has signed new long term deal at Barcelona until June 2029. pic.twitter.com/uu7dGRlzLx
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 15, 2025