Грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија во текот на утрешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи во ПСЖ, и потоа се очекува да го потпише петгодишниот договор со „светците“.
Зделката е веќе договорена, Наполи ќе добие отштета од 70 милиони евра, која може и да се зголеми доколку бидат исполнети одредени бонуси.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Кварацхелија денес испрати порака до навивачите на Наполи и истакна дека еден ден ќе ја објасни својата одлука.
„Велам збогум, но секогаш ќе бидете во моето срце и се надевам дека ќе се сретнеме повторно. Знам дека ви е скршено срцето, но еден ден ќе ви кажам се! Ви посакув успех, посакувам овој град и овие луѓе повторно да го искусат Скудетото“, порача Кварацхелија,