Дома Фудбал Кукуреља покажа како изгледа тетоважата со ликот на Де Ла Фуенте (Видео)

Кукуреља покажа како изгледа тетоважата со ликот на Де Ла Фуенте (Видео)

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Реал, Марк Кукуреља, ја покажа својата нова уметност на телото, реализирана од познатиот тату-уметник Ганга.

На својот Инстаграм стори,Кукуреља објави видео клип на кое се гледа свежо изработениот лик на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте како држи трофеј — посвета на освојувањето на светската титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа нова тетоважа е соединета со претходно изработените мотиви на роза и лав на раката, и за нејзината реализација беше одговорен прочуениот тату артист Ганга (@ganga), познат по соработката со некои од најголемите светски спортски и музички ѕвезди.

Шпанскиот фудбалер ја сподели снимката од тату студиото со песната “Dai Dai” во изведба на Шакира и Бурна Бој, со гордост покажувајќи ја завршената работа.

За потсетување, Кукуреља пред Светското првенство вети дека ако Црвената фурија го освои трофејот, ќе го истетовира ликот на селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го заврши најшокантниот трансфер на летото!

Челси комплетира уште еден трансфер во летниот преоден рок. Како што известува специјалист…