Дома Фудбал Крај на проблемите: Премиерлигашот Евертон доби нови газди!

Крај на проблемите: Премиерлигашот Евертон доби нови газди!

Американската корпорација Фридкин Груп денеска и официјално стана мнозински сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Евертон. Условите за продажба на Евертон на оваа компанија од страна на досегашниот сопственик Фархад Мошири и неговата компанија „Blue Heaven Holdings“ беа договорени уште во септември, а сега се и потврдени, па корпорацијата со седиште во Тексас стана 98.8% сопственик на Евертон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Евертон е вториот европски фудбалски клуб во сопственост на Фридкин Груп, кои претходно ја купија и италијанската Рома.

“Денес е посебен и горд ден за нас бидејќи станавме чувари на овој иконски клуб. Ние сме посветени да го водиме Евертон во возбудлива нова ера како на теренот така и надвор од него”, објави Марк Ватс, кој ќе ја преземе функцијата извршен претседател на клубот.

Досегашниот сопственик на Евертон, Фархад Мошири, во клубот пристигна во 2016 година кога купи 49.9% од акциите на клубот, а во јануари 2022 го зголеми својот дел на 94.1%. Под негово водство, екипата секоја сезона бореше значително за опстанок во Премиер лигата, па навивачите на Евертон ја поздравија продажбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тинејџерот кој вреди 100 милиони евра веќе го избрал новиот клуб!

Познатиот африкански фудбалер Јан Диоманде, кој имаше одлична дебитантска сезона во Бундес…