Дома Фудбал Крај за Нејмар во Саудиска Арабија? Тренерот потврди што се случува

Крај за Нејмар во Саудиска Арабија? Тренерот потврди што се случува

Тренерот на Ал Хилал, Хорхе Жесус, потврди дека клубот нема да го регистрира Нејмар (32) за вториот дел од лигашката сезона во Саудиска Арабија.

„Тој повеќе не може да игра на нивото на кое сме навикнати да игра“, рече Жесус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Високо платениот бразилски напаѓач ќе има право да игра само во азиската Лига на шампиони.

“Нејмар нема да биде пријавен за нашиот тим на првенството. Може да учествува во натпреварите од Лигата на шампионите на Азија. Шампионатот на Саудиска Арабија е едно од најсилните првенства во светот. Сите играчи на Ал Хилал можат да играат за кој било клуб во Европа. Нејмар повеќе не може да игра на ниво на „начинот на кој сме навикнати да играме“, рече Жесус, кој минатата сезона со Ал Хилал го освои шампионатот, купот и суперкупот.

„Тој е под договор со клубот и сам ќе ја одреди својата иднина. Се ќе зависи од управата. Не знам што е следно за него“, додаде тренерот на Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новото засилување на Милан се повреди

Новото засилување на Милан, Никлас Фюлкруг, има скршен прст и ќе отсуствува некое време од…