Дома Фудбал Италија Koнте не крие: Откри на кои два италијански клуба сака да биде тренер

Koнте не крие: Откри на кои два италијански клуба сака да биде тренер

Како што стојат работите, Антонио Конте најверојатно ќе одмори од тренерската работа до крајот на сезоната, а потоа би можел да преземе некој италијански клуб.

Наполи преговараше со Конте, но Де Лаурентис и италијанскиот стратег не пронајдоа заеднички јазик, па во блиска иднина Конте нема да го тренира Елмас.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Но, сепак Конте не крие дека во иднина би сакал да биде тренер на Наполи и Рома.

„Во мојата кариера направив многу, меѓутоа не сум комплетно исполнет. Сакам да пронајдам клуб каде што ќе продолжам да пишувам историја и на Европско ниво. Ќе видиме какви врати ќе се отворат. Во Италија има две места каде што сакам да бидам тренер, Рома и Наполи. Сакам да ја почувствувам пасијата во овие два клуба“, изјави Конте.

Ќе потсетиме, Конте во минатото беше тренер на Јувентус и Интер, а сега најавува враќање во некој од поголемите италијански клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…