Дома Останати Кошарка Кошаркар на Монако ги изненади сите и запроси манекенка на забавата на клубот (Видео)

Кошаркар на Монако ги изненади сите и запроси манекенка на забавата на клубот (Видео)

Литванскиот кошаркар Донатас Монтејунас ја запроси својата девојка Бригита на луксузната божиќна прослава што ја организираше неговиот клуб, Монако.

Многумина останаа зачудени кога Мотејунас клекна пред својата избраничка и ја праша дали ќе се омажи за него, што предизвика громогласен аплауз и овации од сите присутни гости.

Донатас е член на Монако од 2021 година, а медиумите пишуваат дека токму тогаш влегол во врска со споменатата манекенка, која во индустријата влегла на само 17 години.

Литванецот претходно имаше и искуство во НБА, бидејќи настапуваше за Хјустон, Њу Орлеанс и Сан Антонио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…