Дома Фудбал Кореа суспендиран на пет меча

Кореа суспендиран на пет меча

Анхел Кореа, напаѓач на Атлетико Мадрид, доби пет натпревари суспензија, објави Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за оваа казна се навредливите изрази кои Аргентинецот ги насочи кон главниот судија Гиљермо Куадра Фернандес, откако неговиот тим загуби од Хетафе со резултат 1-2 во претходното коло на Ла Лига.

Во 88. минута, Кореа заработи директен црвен картон поради опасен прекршок. Одејќи кон соблекувалната, го навредил судијата, што е запишано и во официјалниот извештај.

Подоцна, тој изрази жалење за своето однесување преку социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…