Дома Моторспорт Контроверзна трка во Унгарија: Норис му попушти на Пјастри да победи!

Контроверзна трка во Унгарија: Норис му попушти на Пјастри да победи!

Австралискиот возач Оскар Пјастри од Мекларен победи денеска во Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија и така стигна до првиот триумф во кариерата.

Пјастри стигна до првата победа така што неговиот неговиот клупски колега Ландо Норис му ја отстапи првата позиција на три круга пред крајот, по големиот притисок од тимот.

На крајот Пјастри беше 2.141 секунди пред Норис. Третото место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 14.880 секунди и ова беше негов 200-ти подиум во кариерата.

Зад Хамилтон завршија Шарл Леклер, Макс Ферстапен и Карлос Саинц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…