Дома Фудбал Компани даде „зелено светло“ за трансфер на летото!

Компани даде „зелено светло“ за трансфер на летото!

Баерн од Минхен планира да ја засили својата екипа на лето, а еден од главните целни играчи е – Ентони Гордон.

Веќе имаше неколку текстови на оваа тема, Гордон е најдобриот фудбалер на Њукасл и се проценува на околу 75 милиони евра, па големо прашање беше дали Баерн ќе плати толкава сума за играч кој би можел да биде резерва следната сезона и некој што ќе се бори за место во тимот со Луис Дијаз.

Сепак, новите шампиони на Германија упорно работат да се реализира трансферот.

Венсан Компани даде одобрение за овој трансфер, имајќи предвид дека се чекаше и неговото изјаснување.

Баерн ќе се обиде прво со понуда меѓу 50 и 60 милиони евра, со цел да ја засили својата преговарачка позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Толисо го запре Сосиедад: Лион со бод од „Реале арена“

Реал Сосиедад водеше на полувремето со голот на Ори Оскарсон, но Корентен Толисо израмни н…