Дома Фудбал Комо за Лигата на шампионите носи две ѕвезди на Реал Мадрид?

Комо за Лигата на шампионите носи две ѕвезди на Реал Мадрид?

Комо се подготвува за својата прва сезона во Лигата на шампионите и планира амбициозни потези на пазарот, а тренерот Сеск Фабрегас ги бара засилувањата во редовите на Реал Мадрид. Италијанскиот клуб размислува да го донесе искусниот одбранбен играч Дани Карвахал, како и младите таленти Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос. Интересот за новите играчи доаѓа во моментот кога се подготвуваат за веројатното заминување на Нисе Паз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во пресрет на дебитантскиот настап во Лигата на шампионите, Комо ја насочи својата стратегија на доведување играчи од Реал Мадрид. Според пишувањето на порталот ЕлДесмарке, Фабрегас го сака искусниот бек Карвахал, кој потврди заминување од шпанскиот гигант, да го донесе во Италија.

Иако Карвахал привлече интерес од неколку други лиги, Комо му нуди можност за останување на врвот на европскиот фудбал. Сметаат дека е идеално засилување за тимот којшто му недостасува искуство во Лигата на шампионите. Италијанскиот клуб исто така цели кон помлади играчи од Мадрид, а како клучни цели за зајакнување на тимот на повеќе позиции се истакнати напаѓачот Гарсија и перспективниот играч од академијата Паласиос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона почна правна постапка против Перез!

Барселона почна правна постапка против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, обв…