Дома Фудбал Италија Koj ќе биде прв голман на Милан следната сезона? – Раиола го има одговорот!

Koj ќе биде прв голман на Милан следната сезона? – Раиола го има одговорот!

raiola

Контроверзниот менаџер проговори на секогаш актуелната тема.

Дали Џанлуиџи Донарума и следната ќе го брани голот на Милан? Можеби најдобриот одговор на ова прашање го даде неговиот агент, Мино Раиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан веќе го договори Пепе Реина кој пристигнува на лето како слободен играч, а многумина сметаат дека овој потег на „росонерите“ значи и заминување на Донарума.

„Дали Реина или Донарума ќе биде прв голман на Милан? Се надевам дека тоа ќе биде Реина“, изјави Раиола.

Донарума минатата година беше блиску до заминување од Милан, но сепак остана после сагата која траеше неколку месеци. Младиот голман потпиша нов договор кој предизвика големи контроверзии.

Многу клубови го сакаат талентираниот чувар на мрежата, а после овие зборови на Раиола можеби и треба да очекуваме тој да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…