Како што стојат работите, Антонио Конте најверојатно ќе одмори од тренерската работа до крајот на сезоната, а потоа би можел да преземе некој италијански клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наполи преговараше со Конте, но Де Лаурентис и италијанскиот стратег не пронајдоа заеднички јазик, па во блиска иднина Конте нема да го тренира Елмас.
Но, сепак Конте не крие дека во иднина би сакал да биде тренер на Наполи и Рома.
„Во мојата кариера направив многу, меѓутоа не сум комплетно исполнет. Сакам да пронајдам клуб каде што ќе продолжам да пишувам историја и на Европско ниво. Ќе видиме какви врати ќе се отворат. Во Италија има две места каде што сакам да бидам тренер, Рома и Наполи. Сакам да ја почувствувам пасијата во овие два клуба“, изјави Конте.
Ќе потсетиме, Конте во минатото беше тренер на Јувентус и Интер, а сега најавува враќање во некој од поголемите италијански клубови.