Дома Фудбал Koнте: Ливерпул е клуб од кој можеме многу да научиме

Koнте: Ливерпул е клуб од кој можеме многу да научиме

Пред натпреварот против Ливерпул, менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека „црвените“ би можеле да послужат како добар пример на неговиот клуб доколку сакаат трофеи.

Конте неодамна пристигна во Лондон со намера на Спарси да им донесе трофеи.

„Во недела играме против клуб од кој можеме да научиме многу. Кога Јирген Клоп дојде, Ливерпул немаше веднаш успех, но системски и со трпелива работа дојде до успех. Ако ние сакаме да го достигнеме тоа ниво мораме да работиме, да бидеме трпеливи и адекватно да вложуваме во засилување“, изјави Конте во разговор за „Скај“.

Натпреварот во главниот град на Англија се игра во недела од 17:30 часот. Ливерпул е втор на табелата со 40 освоени бодови, еден помалку од Манчестер Сити. Тотенхем е седми со 25 поени од 14 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ултрасите на Интер со остра порака: „Немавте храброст ни да нè поздравите“

По поразот од Милан со 3-1, навивачите на Интер поставија транспарент пред „Сан Сиро“ — не…