Дома Фудбал Клубовите се договорија: Перез купува одличен дефанзивец за 60 милиони евра

Клубовите се договорија: Перез купува одличен дефанзивец за 60 милиони евра

Дин Хујсен, младиот дефанзивец на Борнмут, кој штотуку наполни 20 години, е на чекор да потпише за Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо на Твитер напиша.

„Агентите на Хујсен пристигнаа во Мадрид за да го финализираат договорот со Реал. Клубовите се веќе договорени, така што Реал ќе го исплати отштетата од 60 милиони евра, колку што е откупната клаузула, во три рати. Останува само Хујсен да ги утврди своите услови со Реал. Но што се однесува до клубовите, работата е завршена.“

Хујсен стана еден од најбараните млади играчи во клубот кој е на 10-то место во Премиер лигата, две кола пред крајот на првенството. Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 42 милиони евра, но Реал Мадрид ќе плати 60 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…