Дванаесет професионални спортски клубови од Лос Анџелес заеднички донираа осум милиони долари на американскиот Црвен крст, пожарникарите од Лос Анџелес и други организации кои помагаат на жртвите од големиот пожар што веќе неколку дена беснее во најголемиот град на Калифорнија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај тоа, клубовите ќе дистрибуираат спортска опрема и училишни материјали на жртвите во вредност од три милиони долари. Поради пожарот во Лос Анџелес, одложени се и некои натпревари. Така, натпреварот од првиот круг на плејофот на НФЛ помеѓу Лос Анџелес Ремс и Минесота Викингс, кој ќе се игра во ноќта од понеделник кон вторник, е преместен од Лос Анџелес во Глендејл, Аризона.
Двата НБА тима од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, минатата недела ги одложија своите домашни натпревари, но се очекува во ноќта од понеделник кон вторник да се вратат во своите арени. Лејкерс ќе играат против Сан Антонио Спурс, а Клиперс ќе се соочат со Мајами Хит.