
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп им порача на навивачите на клубот дека нема потреба да се грижат за Флоријан Вирц.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот на почетокот од сезоната игра под очекувањата и на првите десет натпревари запиша само една асистенција.
„Во врска со Флоријан Вирц, немам за што да се грижам; тој е извонреден играч. Сите го знаат тоа. Дискусијата е пренадуена. Ливерпул загуби три натпревари по ред – тоа е невообичаено, помина доста време како тоа не се случило.
Но, тоа е нормално, се случува. Јас сум во центарот на овие дискусии веќе подолго време и можам да ви кажам: ништо не ги интересира луѓето помалку од јавните разговори околу тоа. Значи, сè е во ред, сè ќе биде во ред.
Вирц е талент што се појавува еднаш во еден век и порано или подоцна ќе почне да го покажува тоа на секој натпревар, исто како што играше и во Баер. Ако некој е загрижен, нека не биде! Може да престане да се грижи“, изјави Клоп.