Дома Останати Тенис Кирјос и Ѓоковиќ победија, но и направија шоу – Австралиецот го имаше потегот на мечот, Новак се изнасмеа (Видео)

Кирјос и Ѓоковиќ победија, но и направија шоу – Австралиецот го имаше потегот на мечот, Новак се изнасмеа (Видео)

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос славеа на почетокот на турнирот на АТП во Брисбејн во конкуренција на двојки.

Беше многу забавно, а потегот на мечот го изведе Ник Кирјос. Австралиецот за време на еден поен го протна рекетот меѓу нозете и успешно ја удри топката.

Неколку секунди подоцна поенот му припадна на двојката Кирјос – Ѓоковиќ, по што тие трчаа по теренот како да постигнаа гол.

Ѓоковиќ и Кирјос ги совладаа Австралиецот Александер Ерлер и германецот Андреас Миес со резултат 2:1 во сетови.

Првиот сет го добија со резултат 6:4, вториот го загубија со 7:6, но го освоија третиот со резултат 10:8 и ја запишаа првата победа.

Во второто коло, српско-австралиската двојка ќе игра против првите носители, хрватот Никола Мектиќ и австралиецот Мајкл Венус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тежок пат за Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

Новак Ѓоковиќ се подготвува за предизвиците на Мастерсот во Шангај, каде што го чекаат сер…