Дома Останати Тенис Кирјос за Синер: Не губи титули, не губи пари, тажно за тенисот

Кирјос за Синер: Не губи титули, не губи пари, тажно за тенисот

Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради користење допинг. Првиот рекет на светот ќе ја пропушти речиси само американската турнеја и ќе може да игра на сите преостанати грен слем турнири.

Друштвените мрежи се „вжештија“ од реакции, а голем дел од нив негативно гледаат на договорот помеѓу Светската антидопинг агенција (ВАДА) и италијанскиот тенисер.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Секако дека ова не можеше да помине без Ник Кирјос. Контроверзниот Австралијанец реагираше на Твитер.

„ВАДА рече дека ќе биде казнет една или две години. Тимот на Јаник Синер направи се што е во нивна моќ и доби казна од три месеци. Не изгуби титули, не изгуби пари. Виновен или не? Тажен ден за тенисот. Правдата во тенисот повеќе не постои“, заврши Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ испадна во второто коло, а напредуваше за две места на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше на најновата АТП листа и тоа за две позиции, иа…