Дома Останати Тенис Кирјос тврди дека има највисок IQ во тенисот: Објасни и зошто

Кирјос тврди дека има највисок IQ во тенисот: Објасни и зошто

Австралискиот тенисер Ник Кирјос на крајот од месецот ќе се врати на тениските терени по долга пауза поради повреда. Од 29 декември до 5 јануари ќе настапи на АТП турнирот во Брисбејн, што ќе му послужи како подготовка за Австралија Опен.

Контроверзниот Кирјос за време на опоравувањето беше коментатор на натпреварите на Гренд Слемовите. Неговите коментари не застанаа тука бидејќи беше прилично гласен на социјалните мрежи, особено за случајот со допингот на Јаник Синер, моментално најдобриот тенисер во светот. Австралиецот во последните две години одигра само еден меч кој не беше егзибициски, и тоа го загуби во јуни 2023 година од Кинезот Ву Јибинг на АТП турнирот во Штутгарт.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Во подкастот Let’s Trot, Ник имаше задача да дизајнира свој совршен играч. Избра слајсот на Роџер Федерер, бекхендот на Новак Ѓоковиќ и форхендот и физичката подготвеност на Рафаел Надал. За брзината го избра својот сонародник Алекс Де Минаур, а кога беа прашани за сервисот и IQ-то, се избра себеси.

Кирјос тврди дека искуството од играњето против Големата тројка и Енди Мареј му овозможило да ги надмине во одреден аспект на играта. Така, кога ја објаснуваше причината зошто има најдобар сервис, Кирјос рече: “Морам да се вклучам себеси во таа приказна. Мислам дека имам најдобар сервис. Не сум многу висок за тенисер овие денови, но кога ги вклучиме варијациите, првиот и вториот сервис, ритамот… Мислам дека сум најдобар.”

“Играв против Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј. Имам повисок тениски IQ од нив. Не знам дали било кој во историјата на тенисот стигнал до финалето на Вимблдон без тренер. Затоа, кога станува збор за IQ-то, го бирам себеси”, самоуверено изјави Кирјос во интервју.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе го напаѓа трофејот на Индијан Велс

Индијан Велс, првиот мастерс на новата сезона, ја објави листата на учесници и името на Но…