Според талентот, Ник Кирјос веројатно можеше да се споредува со најголемите асови во историјата. Австралиецот ги победуваше сите членови на големата тројка, но никогаш не се посвети доволно на тенисот за да може во долг период да биде конкурентен за нешто сериозно во тенисот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните години и самиот стана свесен за тоа, па иако тоа воопшто не го убеди да се посвети повеќе на работата, барем стана објективен и за него повеќе нема дилеми кој е најдобар во „белиот спорт“.
На барање на порталот „Get Set Тенис“ се согласи да ги опише најдобрите тенисери во овој спорт со само еден збор, а за Ѓоковиќ го имаше најдобриот.
„GOAT!“, изјави Австралиецот скратеница која на англиски значи „најголем на сите времиња”.