
Фудбалерите на Челси одлучија да донираат дел од наградата за освојувањето на Светското клубско првенство на семејството на Диого Жота.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челси го освои Светското клупско првенство со победа над Пари Сен Жермен во финалето, триумфирајќи со 3:0, и доби впечатлива награда од ФИФА во висина од 131,4 милиони евра.
Од вкупниот износ, сопственикот на Челси одлучи да распределат 13,3 милиони евра меѓу играчите, кои заедно одлучија да донираат милион евра на семејствата на Диого Жота и Андре Силва.
Португалските браќа трагично загинаа во сообраќајна несреќа на 3 јули во Шпанија. Поддршка во вид на морална и материјална помош веднаш им понудија многу од нивните поранешни соиграчи, а сега и сите фудбалери на Челси покажаа солидарност и решија да им дадат по половина милион евра.