Дома Трансфер зона Kaпело: Влаховиќ во Јувентус? Мислам дека ќе оди во лига каде што има повеќе пари

Kaпело: Влаховиќ во Јувентус? Мислам дека ќе оди во лига каде што има повеќе пари

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело имаше интервју за „Газета дело Спорт“ во кое зборуваше за актуелните ситуации.

Јувентус е во потрага по напаѓач, а во игра за пристигнување во Торино се Скамака од Сасуоло и одличниот Душан Влаховиќ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Дали Скамака е погоден за Јувентус? На тимот му е потребен напаѓач, а тој е млад и квалитетен играч. Влаховиќ би бил нешто ново. Спремен е за таков предизвик, има енергија и е шампион. Но, се плкашам дека следната сезона ќе го гледаме во лига каде што има повеќе пари од Серија А“, изјави Капело.

Влаховиќ со Фиорентина има договор до крајот на јуни 2023 година и очекувањата се ова лето да го промени клубот. Според „Трансфермаркт“ цената на Влаховиќ изнесува 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…