Дома Останати Кошарка НБА Kлеј Томпсон се уште е далеку од враќање на паркетот

Kлеј Томпсон се уште е далеку од враќање на паркетот

Eден од најдобрите шутери во НБА лигата Клеј Томпсон (31) кој пропушти две сезони поради повреда, веројатно ќе го пропушти и почетокот на претстојанта сезона додека се опоравува од повредата на Ахиловата тетива.

Тренерот на Вориорси Стив Кер истакна дека неговото опоравување напредува.

„Томпсон се уште е далеку од тоа да може да игра, но кога можете да почнете да трчате тоа е голем напредок. Има болки кога трча, но тоа е добар знак затоа што долго време беше надвор од терените. Исто така позитивно делува на психатан а играчот“, изјави за американските медиуми Стив Кер.

Томпсон се повреди во финалето на плеј-офот во 2019 години против Торонто, а потоа во декември минатата година припремајќи се за враќање ја повреди Ахиловата тетива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шегата на делегацијата на САД не му се допадна на Дурант 🎥

Учесниците во САД на Олимписките игри во Токио се пошегуваа на сметка на Кевин Дурант. Во …