Во јануарскиот преоден рок Јувентус би можел да ја засили одбраната со дефанзивецот Тиаго Џало кој е во потрага по нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите „старата дама“ ќе плати три милиони евра за услугите на Џало, но конкуренција за неговиот потпис им прават и миланските гиганти. Сепак, во овој момент клубот од Торино е фаворит за неговиот потпис.
Договорот на Џало истекува на крајот од сезоната и овој месец е последната шанса Лил да заработи од неговото заминување. Португалскиот стопер има 23 години и може да ги покрива сите позиции во одбраната, токму и затоа за него има голем интерес, па тешко е да се очекува дека ќе го продолжи договорот со францускиот тим.
Џало во младинските категории има искуство во Италија бидејќи беше дел од Милан.