
Тренерот на фудбалскиот клуб Јувентус, Игор Тудор, изјави дека репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ нема да игра на натпреварот против Болоња во 35. коло на Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
“Влаховиќ нема да биде ниту на клупата, иако вчера тренираше со екипата. Денес се обиде, но сè уште не е подготвен 100 проценти. Се надевам дека ќе можам да го сметам на него во наредните натпревари”, изјави Тудор на прес-конференција, пренесува Газета дело Спорт.
Српскиот фудбалер оваа сезона е најдобар стрелец на Јувентус во Серија А со девет постигнати голови, а има и четири асистенции.
Фудбалерите на Јувентус утре ќе гостуваат кај Болоња во 20:45 часот, а овој натпревар е важен за двете екипи во борбата за Лигата на шампионите.
Јувентус е на четвртата позиција на табелата во Серија А со 62 поени, додека Болоња е на петтото место со 61.
Фото: Juventus FC/FB