Дома Фудбал Јувентус се ослободи од промашувањето, Даглас Луиз се враќа во Премиер лигата

Јувентус се ослободи од промашувањето, Даглас Луиз се враќа во Премиер лигата

Нотингем Форест сериозно се засилува за новата сезона.

Клубот дефинитивно има интересен преоден период со заминувањата на Еланга, Данило, Соса; Тарнер и Омобамиделе, а досега дојдоа Хачисон од Ипсвич, Ендоје од Болоња, Мекати од Манчестер Сити, Жезус и Кунја од Ботафого и Ган од Норич.

Но, најголемото засилување ќе биде – Даглас Луиз.

Фудбалерот на Јувентус ги договори сите детали со Нотингем, поранешниот фудбалер на Астон Вила сака да се врати во Премиер лигата и клубовите се многу блиску до договор.

Каде би можеле да се најдат заедно?

Околу 30 милиони евра се веќе понудени, покрај тоа се очекуваат уште бонуси и сето тоа би можело да биде доволно за Јувентус да го финализира овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…