Дома Фудбал Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши своите проблеми во нападот, тврди “Кориере дело Спорт”.

Нигерискиот напаѓач од Наполи моментално игра на позајмица во Галатасарај, каде што се претставува одлично. И покрај тоа, очекувањата се дека лидерот во Серија А ќе го продаде играчот ова лето.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Интересот за Осимен е голем, а тој има клаузула за раскин вредна 75 милиони евра. Сепак, таа важи за клубови надвор од Италија и Јувентус не може да ја искористи. Затоа, “бјанконерите” подготвија понуда од 85 милиони евра во обид да го убедат претседателот на Наполи да го насочи во насока на Торино.

Последните денови многу медиуми објавуваа информации дека Манчестер Јунајтед се обидува да го доведе нигериецот. Не е јасно колку е ова вистинито, и потенцијален трансфер може да зависи од тоа дали “црвените ѓаволи” ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона. Интересот на саудискиот Ал-Хилал е сериозен и вклучува плата од 30 милиони евра годишно.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европско финале какво што досега немало: Борба за трофеј но и за – спас на сезоната!

Фудбалска Европа вечерва ќе го впери својот поглед кон големото финале на Лига Европа, кад…