Дома Фудбал Јувентус на радарот има играчи на Милан, Рома и Баерн

Јувентус на радарот има играчи на Милан, Рома и Баерн

Во Јувентус се ангажирани на доведување на тројца играчи чии договори истекуваат на крајот на сезоната, пишува “Газета дело Спорт”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за голманот на Милан Мајк Мењан, десниот бек на Рома Мехмет Зеки Челик и крилото на Баерн Минхен Серж Гнабри, со кои веќе се започнати прелиминарни преговори.

Мењан во моментов е далеку од нов договор со Милан, но засега Челси изгледа како најверојатниот негов следен клуб, а Баерн исто така може да се обиде да го привлече. Сепак, во Јувентус се надеваат дека ќе успеат да го убедат да остане во Серија “А”, сметајќи на фактот што веќе има двајца Французи во нивниот состав – Кефрен Турем и неговиот поранешен соиграч кај “росонерите” Пјер Калулу.

Меѓутоа, голманот сигурно ќе побара многу повисока плата од сегашната годишна компензација од 3 милиони евра. Во меѓувреме, Зеки Челик преговара со Рома за обновување на договорот, при што во клубот се уверени дека ќе постигнат договор со турскиот репрезентативец.

Што се однесува до Гнабри, тој го привлече интересот и на Ливерпул, од каде што ќе се обидат да го надминат “бјанконерите” во борбата за потписот на Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го откри планот за Мудрик по потврдата дека се враќа во Челси

Хаби Алонсо откри дека Михајло Мудрик ќе им се придружи на своите соиграчи од Челси по уки…