Дома Фудбал Јунајтед се брза: „Ѓаволите“ нудат големо богатство за Мбеумо

Јунајтед се брза: „Ѓаволите“ нудат големо богатство за Мбеумо

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед испратил трета понуда за напаѓачот на Брентфорд, Брајан Мбуемо – која може да достигне вредност до 70 милиони фунти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Олд Трафорд понудил 65 милиони фунти како фиксно обесшетување, со дополнителни 5 милиони преку бонуси.

Јунајтед сака да го донесе Мбуемо пред заминувањето на американската турнеја во вторник, каде што ги очекуваат три подготвителни натпревари.

Дваесет и петгодишниот Мбеумо минатата сезона постигна 20 голови во Премиер лигата.

За крилниот напаѓач беа заинтересирани и други клубови – пред сè Тотенхем, кој сега го води поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк, и Њукасл – кои Камерунецот ги одби. Меѓутоа, Мбеумо јасно ја изрази својата желба да премине во Манчестер Јунајтед.

Во текот на минатата сезона, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, повеќепати истакна дека Јунајтед има проблем со реализацијата на шансите.

Со само 44 постигнати гола во Премиер лигата, тоа беше најлошиот учинок во домашното првенство од сезоната 1973/74. Во таа година Ѓаволите испаднаа од лигата. Јунајтед го донеле офанзивецот Матеус Куња и дефанзивецот Дијего Леон ова лето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргент…