Дома Фудбал Јунајтед ја намали цената за Гарначо, Аргентинецот си најде нов клуб

Јунајтед ја намали цената за Гарначо, Аргентинецот си најде нов клуб

Алехандро Гарначо не е во плановите на Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед разгледува продажба по намалена цена.

Според доверливи извори, Јунајтед сега бара околу 40.000.000 фунти или околу 46.000.000 евра.

Во моментов, најголем интерес за неговиот потпис покажала Астон Вила, која сака да ја засили офанзивната линија бидејќи не ги откупија ниту Маркус Рашфорд ниту Марко Асенсио по истекот на позајмиците.

Гарначо по поразот во финалето на Лига Европа од Тотенхем јавно се спротивстави на Рубен Аморим и тогаш беше јасно дека се е готово. Исто така, Јунајтед на почетокот на летото веднаш го доведе Матеуш Куња, а наскоро доаѓа и Брајан Ембумо, така што за Аргентинецот нема да има место на крилните позиции.

Тој беше поврзуван со Челси, но “сините” сепак одлучија да го доведат Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…