Дома Фудбал Јовиќ требало да стартува противв Венеција: Откриено каква повреда заработил

Јовиќ требало да стартува противв Венеција: Откриено каква повреда заработил

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ даде два гола во победата на Милан против Интер во полуфиналето на Купот на Италија, па се повреди на загревањето пред натпреварот од 34. коло на Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јовиќ ја пропушти средбата во која „росонерите“ славеа со 2:0 на гости, а „Sky Sport Italia“ информира дека состојбата на 27-годишникот е добра.

„(Јовиќ) ‘само’ има акутен лумбаго кој медицинскиот тим на ‘росонерите’ започна да го лекува денеска во Миланело на слободен ден на тимот. Напаѓачот треба да биде на располагање на Серџо Консеисао за една недела“, известува италијанскиот Скај.

Јовиќ одигра 11 натпревари во Серија А оваа сезона и даде два гола, колку што зaбележа против Интер на единствениот натпревар во Купот.

Италијаните најавуваат дека Милан ќе биде засилен и во одбраната оти Бразилецот Емерсон Ројал наскоро ќе започне да тренира со остатокот од екипата.

Милан одигра лоша сезона и шансите да играат во Европа од деветтото место со четири кола до крајот на сезоната се речиси нула. Болоња и Рома го делат петтото место со по 60 бода.

Милан следниот понеделник ќе гостува кај Џенова во натпревар што започнува во 20:45 часот.

Фото: AC Milan
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…