
Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз против ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првата рунда на плејофот во Западната конференција. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серијата која се игра до четири победи, Клиперс водат со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобар играч кај гостите беше Никола Јокиќ. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (шут од игра 9/14) со 13 скокови и асистенции. Јокиќ беше најдобриот играч на натпреварот во сите три најважни категории, но неговиот тим убедливо загуби.
Јокиќ ги покажа своите фрустрации за време на еден тајм-аут на својот тим. Камерите го фатија во нервозна расправија со помошниот тренер на Нагетс, Рајан Саундерс.
Јокиќ беше налутен на клупата за време на поразот со 34 поени разлика на Нагетс 😳😳 pic.twitter.com/XXG3P79bzA
— House of Highlights (@HoHighlights) 25 април, 2025
Фото: Принтскрин