
Кошаркарите на Денвер веќе во првата рунда од плејофот на НБА лигата беа елиминирани а по натпреварот, пред камерите се појави Никола Јокиќ кој ги откри своите планови за следната сезона и неочекувано ја спомена и Србија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денвер беше сметан од многумина како еден од фаворитите за освојување на титулата, особено благодарение на импресивната сезона на Јокиќ.
Сепак, Нагетс не успеаја да ја избегнат стапицата на првиот противник, губејќи од Минесота Тимервулвс со 4:2 во серијата.
Иако Денвер успеа да се врати на 3:2 и изгледаше дека Јокиќ и тимот се подготвени за голем пресврт, Минесота успеа да слави со 110:98 во шестиот натпревар и да се пласира понатаму во плејофот.
По завршувањето на средбата, Јокиќ, како централна фигура на вниманието, излезе пред камерите.
Меѓу прашањата се најде и иднината на српскиот кошаркар, кој јасно кажа каде сака да игра следната сезона.
“Сакам да останам во Нагетс засекогаш, ништо не е променето,” подцрта Јокиќ.
Она што предизвика голем интерес беше и прашањето за евентуалните промени во екипата на Денвер, откако уште еднаш не успеаја да го достигнат врвот.
“Тоа не е моја одлука, ниту е мое да говорам за тоа. Единственото што знам е дека ако би биле во Србија, сите би добиле отказ,” рече Јокиќ.
The Joker knows exactly what kind of backlash his team would face if they were playing in his home country 🗣️
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) May 1, 2026
“If we were playing in Serbia, we would all get fired.”
📹 DNVR Nuggets / YouTube pic.twitter.com/MXm7TKKyrS