Дома Останати Кошарка Јокиќ не е заинтересиран за МВП-трката: Тоа е последно што ми е на ум!

Јокиќ не е заинтересиран за МВП-трката: Тоа е последно што ми е на ум!

Кошаркарите на Денвер Нагетс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција во плеј-офот на НБА лигата.

Нагетс беа подобри од Лос Анџелес Клиперс во „мајсторката“ од првата рунда и закажаа серија против најдобрите на Запад Оклахома Сити Тандер.

Тоа ќе биде дуел на двајца кандидати за титулата најкорисен играч на НБА лигата – Никола Јокиќ и бекот на Оклахома, Канаѓанецот Шеј Гилџис-Александер.

Иако медиумите ја потенцираат оваа тема, за српскиот центар таа е целосно неважна.

„Тоа е последно што ни е на ум во овој момент“, изјави Јокиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…