Дома Останати Кошарка Јокиќ доминираше со трипл-дабл: Денвер го совлада Феникс за првата победа во НБА (Видео)

Јокиќ доминираше со трипл-дабл: Денвер го совлада Феникс за првата победа во НБА (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, го оствари својот нов трипл-дабл во НБА-сезоната, откако истото што го направи во првиот натпревар на Денвер против Голден Стејт, го повтори и во наредниот против Феникс.

Овој пат Денвер оствари убедлива победа со 133:111 и сега има скор од една победа и едно пораз во првите две кола.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции.

Одлични во Денвер беа и Џамал Мареј со 23 поени, 6 скокови и 5 асистенции, како и Кристијан Браун со 20 поени и по три скока и три асистенции.

Во Феникс се истакна Девин Букер со 31 поен и седум асистенции.

Јокиќ можеше да биде и поефикасен, но не сакаше да „потроши“ премногу топки, од игра шутна 5 од 8, а сите промашувања беа за три поени, додека за два и од линијата на пенал беше максимален.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Маестралниот Дончиќ ги уништи Јаникс и Милвоки, Јокиќ повторно до трипл-дабл! (Видео)

Словенечкиот мајстор Лука Дончиќ минатата ноќ повторно испорача неверојатна игра и ги воде…