Денвер стана само 12-тим во историјата на НБА лигата кој успеа да се врати од заостанување 3:1 во серијата. Во мајсторката ја победија Јута (80:78) со кош на Никола Јокиќ на 28 секунди пред крајот.
После шест натпревари динамичка и напаѓачка кошарка гледавме еден поинаков натпревар. Двете екипи шутираа послабо од 40% од игра и под 30% за три. Во таков натпревар најдобро се снајде Никола Јокиќ кој постигна 30 поени и додаде 14 скокови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
The Denver Nuggets become the 12th team to overcome a 3-1 deficit in NBA playoff history — and the first since the Cavs in the 2016 Finals. pic.twitter.com/NLBK1QN6HE
— StatMuse (@statmuse) September 2, 2020
Покрај Јокиќ големи заслуги за победата на Јута имаше Мари со 17 поени, а најдобри кај Јута беа Мичел со 22 поени и Руди Гоберт со 19 поени и 18 скокови.
Наџентси во полуфиналето на Западот ќе играат со ЛА Клиперси, а серијата започнува веќе во четврток. Јута може да жали за пропуштеното водство од 3:1.
Во вториот натпревар кој се играше порано Бостон го победи Торнто (99:102) и поведе со 2:0 во серијата.