Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ незапирлив, одличен и Дончиќ, тешка повреда за Авди 🎥

Joкиќ незапирлив, одличен и Дончиќ, тешка повреда за Авди 🎥

Никола Јокиќ не престанува да игра одлично во екипата на Денвер.

Во изминатата ноќ Денвер и Јокиќ стигнаа до победа против Портланд со 106:105. Не помогна на Портланд ниту враќањето на Јусуф Нуркиќ и Демијан Лилард на паркетот. Јокиќ беше незадржлив. Српскиот центар го предводеше тимот до победа со 25 поени, девет скокови и пет асистенции со 50% на шут од игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На другата страна Босанецот Нуркиќ не можеше да се пофали со добар шутерски учинок. Погоди само три топки од 11 обиди, а мечот го заврши со осум поени, седум скокови и шест асистенции за 29 минути поминати на паркетот. Најефикасен кај Портланд беше Демијан Лилард со 22 поени.

Вечерта беше обележана и со тешката повреда на младиот израелски кошаркар Дени Авди во натпреварот помеѓу Вашингтон и Голден Стејт. Авди незгодно доскокна. Ногата му остана во незгодна положба и одличниот млад кошаркар мораше да ја напушти играта.

Треба да се спомене и новата одлична вечер на Лука Дончиќ кој дојде до 30 поени, 10 скокови и девет асистенции за 33 минути поминати на паркетот во победата на Далас над Детроит.

Супер серија од осум победи во низа имаат Њујорк Никси кои после продолженија ја победија Атланта со 137:127, учинок од 40 поени и 11 скокови имаше Џилис Рендл.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Чикаго 121:105, Индијана – Оклахома 122:116, Филаделфија – Феникс 113:116, Торонто – Бруклин 114:103, Вашингтон – Голден Стејт 118:114, Хјустон – Јута 89:112, Њујорк – Атланта 137:127, Далас – Детроит 127:117, Сан Антонио – Мајами 87:107, ЛА Клиперс – Мемфис 117:105, Портланд – Денвер 105:106, Сакраменто – Минестоа 128:125

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…