Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ блескаше „брејк“ на Денвер, до водство стигнаа и Лејкерси 🎥

Joкиќ блескаше „брејк“ на Денвер, до водство стигнаа и Лејкерси 🎥

Денвер успеа да го врати брејкот и да поведе со 2:1 во серијата против Портланд.

Нагетси во овој дуел против Портланд беа подобри со 120:115. На 3.5 секунди пред крајот Лилард погоди тројка, а потоа Морис требаше да ги промаши двете слободни фрлања за со нова тројка да изедначат. Морис ги промаши слободните, но под обрачот највисок беше Јокиќ, па така Денвер дојде до победата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ блескаше во текот на целиот натпревар и оствари учинок од 36 поени и 11 скока, а подели и уште 5 асистенции. Лилард на другата страна беше најефикасен со 37 поени и 5 асистенции.

До водство серијата стигна и ЛА Лејкерси, актуелните шампиони со 109:95 беа подобри од Феникс. Ентони Дејвис го предводеше актуелниот шампион со 34 поени и 11 скока, Леброн мечот го заврши со 21 поен, 6 скока и 9 асистенции.

Милвоки е пред победа во серијата со Мајами затоа што и денес славеа (113:84) па така стигнаа до водство од 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…