Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ добар, Дурант подобар, Хјустон немоќен против Лејкерси 🎥

Joкиќ добар, Дурант подобар, Хјустон немоќен против Лејкерси 🎥

Еден од поинтересните натпревари во НБА лигата изминатата ноќ го одиграа Бруклин Нетс и Денвер.

Победата после голем пресврт ја однесоа Нетси кои после првото полувреме губеа со дури 16 поени разлика (54:70). Дурант и друштвото заиграа многу подобро во продолжени. Заостанувањето го надополнија уште во третата четвртина, за во четвртата после одличната игра во завршните минути да стигна и до победа со конечни 122:116.

Токму Дурант ги предводеше домаќините до победата со 34 поени и 13 скокови. Одличен кај гостите беше Јокиќ кој оствари дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови. Никола Јокиќ беше најрасположен кај Денвер и го заврши мечот со дабл-дабл учинок, два скока му недостасуваа за трипл-дабл. Српската ѕвезда уфрли 23 поени, подели 11 асистенции и запиша 8 скока.

Лејкерси повторно беа подобри од Хјустон овој пат со резултат 100:117. Очекувано во победничкиот тим најдобар беше Леброн Џејмс со 26 поени, кај домаќините Харден беше под нивото и мечот го заврши со 16 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Мајами 137:134, Бруклин – Денвер 122:116, Кливленд – Јута 87:117, Хјустон – Лејкерси 100:117, Оклахома – Сан Антонио 102:112, Голден Стејт – Индијана 95:104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Сите поени во кариерата на Коби во видео 37 секунди 🎥

Пред точно една година на денешен ден спортот и кошарката останаа без големиот Коби Брајан…