Дома Останати Тенис Jaник Синер не дозволи изненадување во Пекинг, но ја освои само третата титула сезонава

Jaник Синер не дозволи изненадување во Пекинг, но ја освои само третата титула сезонава

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го оправда статусот на фаворит во Пекинг, освојувајќи го турнирот од серијата ATP 500 со победа во финалето над Лернер Тиен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот американски тенисер, кој е на 52. место на светската ранг-листа, не успеа да му се спротивстави на Синер, кој заврши со натпреварот за само 74 минути.

Светскиот втор рекет победи со 6:2, 6:2, со што ја освои својата 21. титула во кариерата и втора во Пекинг.

Интересно е што ова е само третата титула за Синер оваа сезона. Пред денешниот успех, Италијанецот освои два грен-слем турнири – Австралија Опен и Вимблдон, додека беше поразен во четири финалиња (Мастерс Рим, Ролан Гарос, Мастерс Синсинати и УС Опен).

Сите четири порази ги доживеа од Карлос Алкараз, кој, за среќа на Синер, не настапи во Пекинг туку во Токио, каде и го освои турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ елиминиран од Ролан Гарос – загуби „добиен меч“ против Фонсека

Тенискиот свет доби нова сензација на Ролан Гарос, откако младиот бразилски тенисер Жоао Ф…