Дома Останати Кошарка Jaнис блесна во финишот и ги „откажа“ солидните Хрвати

Jaнис блесна во финишот и ги „откажа“ солидните Хрвати

Репрезентацијата на Грција со победа го отвори настапот на Евробаскетот, во натпревар со многу осцилации ја победија Хрватска со 89:85.

Хрватска покажа карактер и се врати од минус 19, сепак во завршницата на сцена стапи Јанис Адетокумбо кој со неколку одлични акции обезбеди победа за својата репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од почетокот на мечот Грција започна да прави предност и на полувремето водеа со 46:30, меѓутоа таа нивна доминација траеше до средината на третата четвртина кога водеа со 62:45. Хрватите тогаш постигнаа 15 поени во низа и целосно се вратија во натпреварот.

Грција во последната четвртина сепак го контролираше резултатот, а на помалку од две минути на семафорот стоеше 84:82. Тогаш блесна Адетокумбо кој со две реализации во нападот ја врати Грција во добра предност.

Натпреварот Јанис го заврши со дабл-дабл од 27 поени, 11 скокови и 6 асистенции. Во редовите на Хрватска најефикасен беше Смит со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…