Дома Фудбал Jaневски донесе финале на Олимпијакос на кое клубот чекаше 30 години!

Jaневски донесе финале на Олимпијакос на кое клубот чекаше 30 години!

Македонскиот стратег Чедомир Јаневски се избори за финале со Олимпијакос во Купот на Кипар.

Колку е голем овој успех на Јаневски најдобро зборува податокот дека клубот на едно финале во купот чекаше цели 30 години. Денес Олимпијакос славеше против АЕЛ Лимасол на гости со 1:0, претходно имаа победа од 4:2 во првиот натпревар и така со вкупни 5:2 дојдоа до шанса да се борат за пехарот.

Јаневски работи одлично и Олимпијакос е во една победничка серија. Овој клуб купот го освои само еднаш и тоа во 1977 година, има и уште три порази во финалињата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двата ноемвриски пораза ја носат Македонија кон 74. место на ФИФА-листата

Македонија се очекува да загуби три позиции на рангирањето што ќе биде објавено утре. По з…