Дома Фудбал Италија Jуриќ го обвинија дека Верона играла за Јуве, Хрватот збесна 🎥

Jуриќ го обвинија дека Верона играла за Јуве, Хрватот збесна 🎥

Фудбалерите на Верона го направија најголемото изненадување во последното коло од Серија А.

Верона немаше императив од победа, но не му дозволи на Наполи да победи, а со тоа му помогнаа на Јувентус кој ја победи Болоња да се пласира во ЛШ. За Јувентус да се пласира во ЛШ покрај што беше потребна нивна победа требаше и некој од Наполи и Милан да не победат, Милан ја заврши работата со Аталанта, но Наполи се „сопна“ со Верона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарот на „Скај“ го испровоцира тренерот на Верона Иван Јуриќ поставувајќи му прашање дали навистина одиграле за Јувентус.

„Вечерва вие пресудивте кој да игра во ЛШ. Место Наполи таму го испративте Јувентус. Оваа Верона беше поинаква од онаа што ја гледавме во последните недели“, го започна прашањето Масимо Уголини.

Јуриќ сепак не му дозволи да ја заврши мислата.

„На почетокот големо „с*ање. Морате да не почитувате, не можете така да зборувате за нас. Мора да покажете почит, тоа треба да ви биде јасно. За вакво нешто да не прашувате треба да сте ги гледале сите натпревари на Верона. Нема да ви дозволам да завршите затоа што не не почитувате“.

Новинарот продолжи.

„Не ми дозволувате да завршам. Факт е дека вечерва Верона играше поинаку“.

Тука Хрватот целосно побесне.

„Доста е, заминувам. Немате почит, се однесувате непристојно. Нашата екипа секогаш давала се од себе. Само во Италија постојат вакви сомневања. Мора да ми се извините за тоа како се однесувате. Веднаш да ми се извините“, зборуваше Јуриќ додека го напушташе кадарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …